Протест
За денеска најавен протест за прегазената Фросина
14.05.2025 11:20
Таткото на Фросина дека не е задоволен од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова...

Ден откако возачот Васил Јованов беше осуден на казна затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова, семејството на жртвата повика на протест. Таткото на Фросина дека не е задоволен од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова.
Протестот е закажан за во 17.00 часот на местото каде Кулакова беше прегазена, односно на пешачкиот премин спроти Универзална сала во Скопје.
