Регионот бара одложување на јаглеродната такса
Земјите од регионот бараат одложување на јаглеродната такса. За ова се разговара на Енергетскиот форум што се одржува во Белград...

Белградскиот енергетски форум ги собра лидерите од регионот во енергетската транзиција со цел да обезбеди платформа за размена на информации, вмрежување и презентирање на најновите решенија во енергетиката со фокус на декарбонизација, дигитализација, нови технологии и решенија за развој на секторот.
Една од темите беше и воведувањето на јаглеродната такса што може да влијае на цената на струјата.
ЕУ бара од земјите од регионот до јуни да ги објават своите модели за оданочување на јаглеродната такса. Но, ЕУ засега не му понуди на регионот олеснувања што ги имаа источните членки во текот на изминатите две децении. Тековните и очекуваните цени во EУ се највисоки во светот и би претставувале исклучително голем товар за компаниите и нивните клиенти, и без финансиска поддршка од ЕУ тие не можат да се достигнат во догледна иднина.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
