судство

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици

14.05.2025 12:41

Предметот е вратен во второстепениот суд на повторно одлучување...

Врховниот суд ја укина пресудата на скопска Апелација против Васил Јованов, со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за поседување и трговија со наркотици. Предметот е вратен во второстепениот суд на повторно одлучување. Токму оваа пресуда, Кривичниот суд ја зеде како отежнителна околност при вчерашното изрекување на казната од 12 години затвор за сообраќајната несреќа во која Васил ја прегази Фросина Кулакова.

Врховниот суд одлуката ја донел на 7 мај, една недела пред кривичен да го прогласи Јованов за виновен за случајот Фросина.