АВРМ поинтензивно ќе соработува со агенциите за привремено вработување
Влезот на пазарот на трудот преку агенциите за привремени вработувања претставува одлична можност за невработените преку привремено да дојдат и до постојано вработување. Со цел продлабочување и развивање на соработката, Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска склучи меморандум со Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“.

„Со овој меморандум ги утврдуваме конечните правила на игра меѓу АВРМ и приватната агенција „Партнер“, а во натамошниот период и со другите агенции кои ќе покажат желба да соработуваат со АВРМ да ги користат нашите информации, а воедно да ни даваат и повратни информации колку од невработените одговориле на повикот, колку дошле на разговор, колку добиле работа, колку воопшто не се појавиле на разговор. Во иднина ќе имаме поинтензивна соработка со приватните агенции бидејќи има работни места и сакаме на секој што е заинтересиран да му го истрасираме патот за да си најде соодветно вработувње“, истакна при потпишувањето на меморандумот, директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Директорот на Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ , Раде Ненадиќ, истакна дека во сите земји, особено во членките на ЕУ, агенциите за привремени вработувања се користат како отскочна штица за влез на пазарот на трудот- младите преку краткотрајни повремени работни ангажирања да се запознаат со пазарот на трудот, да се стекнат со одредени работни навики и да дојдат до одреден приход.
„Со АВРМ заеднички делуваме со единствена цел - намалување на бројот на невработени и пред се намалување на бројот на невработени млади лица до 29 години“, нагласи тој.