Кан

Канскиот филмски фестивал започна синоќа

14.05.2025 13:55

Канскиот филмски фестивал официјално започна синоќа, а во натпреварувачката програма на овој фестивал беа вклучени 19 филмови...

Канскиот филмски фестивал официјално започна синоќа, а во натпреварувачката програма на овој фестивал беа вклучени 19 филмови.

Во трката се етаблирани режисери како Вес Андерсон и браќата Дарден, како и млади режисери кои се на почетокот на своите кариери, меѓу кои и Ари Астер.

Оваа година се натпреваруваат шест режисерки: Јулија Дукурно, Кели Рајхарт, Хафсија Херци, Карла Симон, Чие Хајакава и Маша Шилински.

Уметничкиот директор на Канскиот филмски фестивал, Тиери Фремо, изјави дека фестивалот годинава примил рекордни 2.909 пријави. Жирито на натпреварувачката програма ќе го води Жулиет Бинош. Роберт де Ниро ја доби почесната Златна палма. На 78-от Кански филмски фестивал премиерно ќе бидат прикажани филмовите „Amrum“ од Фатих Акин, „Connemara“ од Алекс Луц, „The Disappearance of Josef Mengele“ од Кирил Серебреников, „Orwell: 2+2=5“ од Раул Пек, „Splitsville“ од Мајк Корвин и „The Wave“ од Себастијан Лелио.