Јавна соба

Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со наслов „Пеколот е мало место“

14.05.2025 14:06

Во културниот простор Јавна соба ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска...

Денеска во 20 часот, во културниот простор Јавна соба ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска.

Вовед ќе даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите. Пет песни ќе бидат и испеани во интерпретација на Зоран Тортевски. Визуелното осмислување е на Владимир Лукаш, а ќе се обрати и Душко Крстевски.

Неодамна објавените книги на Јанчовски, „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“ за прв пат ќе бидат промовирани пред пошироката јавност, а ова ќе биде и нивна прва изведба во живо. Дел од песните, напишани од авторот, се песни кои биле напишани за антологискиот музички состав Мизар, токму за вокалот на Зоран Тортевски.