Различни ставови за Предлог-законот за настраданите во Кочани
За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-законот на СДСМ за поддршка на настраданите во Кочани е несериозен и неодговорен. СДСМ со одговор – мнозинството не покажува никаква грижа...

Предлог-законот на СДСМ за помош за семејствата од Кочани, не се најде на дневен ред пред пратениците. ВМРО-ДПМНЕ го прогласи за популистички за собирање на ситни политички поени. Предлог-закон е делумно неприменлив, влегува во колизија со сопствените одредби, и се преклопува со постоечки законски права-вели Бране Петрушевски. Дополнително, вели тој законот експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии.
Усвојување на законот е морална и институционална обврска – порача координаторот на СДСМ Спасовски. Посочи на делови од законот, со кои е предвидено семејствата на загинатите и повредните да добијат и финансиска поддршка, но и здравствена и психолошка помош.
Владата преку СОЗР обезбеди 30 милиони денари за лекување, транспорт, а потоа со одлука на Влада се доделија еднократни парични средства за семејствата на починатите.
Во трагедијата во дискотеката во Кочани на 16-ти март, загинаа 62 лица, повредени се над 200. Истрагата сè уште е во тек, според најавите ќе трае до половината на јуни. Осомничени се над 60 лица.
Марина Стојанова Тонева
