Собрание

Поднесени амандмани на Законот за измена на локалната самоуправа

14.05.2025 17:03

Амандмани на измените на Законот за измена на локална самоуправа поднесоа советници од неколку општини. Најголемиот дел се однесуваат на транспарентноста. Министерот за локална самоуправа вели – законот се носи во транспарентна постапка која трае повеќе од осум месеци.

Независни советници во три општини поднесоа амандмани на Законот за измена на локалната самоуправа. Од 20-ина забелешки, најголемиот дел од нив се однесуваат на транспарентноста на општините. Поднесуваат амандмани, бидејќи како што велат ниту еден не предлог не им бил прифатен кога законот бил на ЕНЕР.

Министерот за локална самоуправа Перински, вели дека законот се носи во една транспарентна постапка која трае повеќе од 8 месеци.

Измена на законот за локална самоуправа се прави по повеќе од 20 години, со главна иницијатива да може градоначалник да биде отповикан од функција преку референдум.

 

Александра Спировска