посета

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на земјава

15.05.2025 08:18

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на Македонија. Ќе има средби со државниот врв. Во Скопје доаѓа со порака за исполнување на преговарачката рамка, односно спроведување на уставните измени. Македонските власти пак, Кошта ќе го пречекаат со веќе познатите ставови за измени на Уставот...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на Македонија. Ќе има средби со државниот врв. Во Скопје доаѓа со порака за исполнување на преговарачката рамка, односно спроведување на уставните измени. Македонските власти пак, Кошта ќе го пречекаат со веќе познатите ставови за измени на Уставот.

Шефот на Европскиот совет и премиерот Мицкоски од Скопје заедно ќе отпатуваат во Тирана, каде е предвидена вечера со лидерите на Западен Балкан, а утре ќе се одржи состанок на европската политичка заедница.