Украина

Киев подготвен да преговара во било кој формат

15.05.2025 08:37

Кремљ потврди-Путин нема да учествува на разговорите. Руската делегација во Истанбул ќе ја предводи неговиот помошник, Владимир Медински. Киев е подготвен да преговара во кој било формат за да се оконча војната-соопшти претходно Зеленски...

Светот во исчекување на мировните преговори во Турција. Кремљ потврди-Путин нема да учествува на разговорите. Руската делегација во Истанбул ќе ја предводи неговиот помошник, Владимир Медински. Киев е подготвен да преговара во кој било формат за да се оконча војната-соопшти претходно Зеленски.

„Чекам да видам кој ќе дојде од Русија, а потоа ќе одлучам кои чекори треба да ги преземе Украина. Подготвени сме за сите форми на преговори и не се плашиме од состаноци. Досега, сигналите од нив во медиумите се неубедливи. Слушаме дека претседателот Трамп размислува да присуствува на состанокот во Турција. Тоа би можело да стане најсилниот аргумент“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Трамп иако не ја исклучи можноста, се поизвесно е дека нема да се појави на преговарачката маса откако иницијаторот за директните преговори Путин, одби да ја прифати поканата на Зеленски за средба на највисоко ниво. Американската делегација ја предводи државниот секретар Рубио кој веќе пристигна во земјата.