НАТО
Апсења за корупција врзана со НАТО
15.05.2025 09:23
Две лица се уапсени под сомнение за можни неправилности при доделување договори за воена опрема на НАТО – соопштија белгиските власти...

Две лица се уапсени под сомнение за можни неправилности при доделување договори за воена опрема на НАТО – соопштија белгиските власти, кои истражуваат вмешаност на поранешни и сегашни вработени лица во алијансата за учество во криминална организација, корупција и перење пари.
Апсењата се извршени како дел од кривичните истраги во Белгија, со ограноци во Луксембург и Шпанија, и во Холандија, а координирани од агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда. Постојат индикации дека парите добиени од нелегалните практики биле перени, делумно преку основање консултантски компании.
