Собрание

Собир на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

15.05.2025 09:04

Во Собранието денеска ќе се одржи собир на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“...

Во Собранието денеска ќе се одржи собир на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“.

На собирот, воведни говори ќе имаат претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши и амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероник Хулман, додека клучно излагање на тема „Градење дигитален парламент: Зошто е важна стратегијата за дигитална трансформација и дигиталните решенија на Собранието“, ќе има генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Планирани се и две панел дискусии со наслови „Промени, лидерство, капацитет и инклузија“ и „Вештачката интелигенција и иднината на парламентарното управување – парламенти, отворени податоци и вештачка интелигенција“, на кои учесници ќе бидат говорници од различни сфери во општеството.