Блиски Исток

Израел ја засили офанзивата во Газа

15.05.2025 11:45

Жестоки напади на југот од енклавата и повици за масовни евакуации на северот, по цврстиот став на Нетанјаху дека ќе се бори додека не го уништи Хамас...

Наспроти продолжените преговори за примирје во Газа, Израел ја засилува офанзивата. Жестоки напади на југот од енклавата и повици за масовни евакуации на северот, по цврстиот став на Нетанјаху дека ќе се бори додека не го уништи Хамас. Според палестинските болнички извори, во најновите бомбардирања се загинати десетици, а има и повредени.

Во сенка на нападите, Газа соочена и со масовен глад, хуманитарните агенции бараат итна деблокада на помошта од Израел.