Економија
Исплатена третата транша од унгарскиот кредит
15.05.2025 11:59
Средствата во износ од над 41 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти. Ќе се поддржат девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата. Најголемиот дел од парите одат кон производствените компании...

Развојната банка изврши исплата на третата транша од унгарскиот кредит кон компаниите. Средствата во износ од над 41 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти. Ќе се поддржат девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата. Најголемиот дел од парите одат кон производствените компании.
Заклучно со последната транша, досега се исплатени 125,8 милиони евра, односно половина од предвидените 250 милиони евра за поддршка на стопанството. Финансирани се 470 проекти на домашните компании.
