Кривични пријави за поранешен раководител и советник од општина Охрид

13.08.2014 16:19

СВР Охрид поднесе кривична пријава против раководител за Комунални дејности од Општината, како и против советник од Секторот за сообраќај.

Ја злоупотребиле службената положба во 2006-та година со тоа што донесле решение за изградба на фекална и атмосферска канализација што минувала низ приватен имот.

Потоа од 2008-ма до 2012-та почнале со изградбата на канализацијата и дополнително на улица.

Кривичната пријава е поднесена по судската пресуда со која била утврдена материјална штета од 82 илјади евра за сопственикот на имотот.