Банките ќе го зголемат кредитирањето
Народна банка оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна, а закрепнувањето е со солидно темпо...

Анкета на Народна банка покажува дека домашните банки очекуваат зголемување на понудата и побарувачката на кредити. Нивната ликвидност во третото тримесечје се зголемува, а Централната банка интервенира на девизниот пазар откупувајќи го сезонскиот вишок девизи.
Народна банка оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна, а закрепнувањето е со солидно темпо. Девизните резерви растат во најголем дел поради надворешното задолжување на меѓународнот пазар на капитал, повлекувањето на средствата од Светска банка, но и поради откупот на вишокот на менувачкиот пазар.
Според Народна банка ризиците се од надворешна природа и се поврзани со заздравувањето на глобалниот економски раст и светските цени на енергијата и храната, на кои влијаат конфликтот во Украина, поплавите во регионот и настаните во Ирак.
Свето Николовски
