Одбележан Меѓународниот ден на семејството
„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ – зборовите на Толстој, гласно одекнуваат на Меѓународниот ден на семејството. Зголемен е бројот на разводи, на потешкотии во комуникацијата помеѓу брачните партнери, честопати се случува и семејно насилство...

Емоционалната поврзаност во семејството е особено важна, велат психолозите. Семејствата се соочуваат со разновидни предизвици, зголемен е бројот на разводи.
Недостигот на комуникација е еден од најголемите фактори за разводи – покажа истражувањето спроведено на Филозофскиот факултет врз околу 500 испитаници.
Семејството е темел врз кој се гради иднината, велат студентите.
На Филозофскиот факултет по 11 пат се организираат активности за одбележување на Светскиот ден на семејството. Според нив, потребно е јавно да се разговара за прашањата и проблемите кои се поврзани со семејството.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани истакна дека Министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата.
Обединетите нации уште во 1993 година го прогласија 15 мај за Меѓународен ден на семејството. Целта е да се подигне јавната свест за значењето на семејството.
Ана Јосифовска
