Турција

Муцунски на неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО

15.05.2025 14:57

Тимчо Муцунски во Анталија, Турција, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО...

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски во Анталија, Турција, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Состанокот во пресрет на самитот на НАТО во Хаг е значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на Самитот во јуни, годинава.

Муцунски ги пренесе приоритетните ставови на нашата земја, како и важноста од зајакнување на солидарноста, единството и координираното дејствување во справување со заедничките закани и предизвици.