Арбен Таравари официјално поднесе оставка од функцијата министер за здравство
Арбен Таравари го напушта кормилото во Министерството за здравство. Тој ја достави оставката до премиерот Мицкоски. Позициите на Алијанса ќе ги задржи „Вреди“, од каде очекуваат, неколку пратеници на Таравари да останат во мнозинството. Засега, остануваат на 9 пратеници...

Министерот за здравство Арбен Таравари поднесе оставка од функцијата. Вели поради лични причини и во интерес на институцијата. Во оставката наведува дека максимално посветено, транспарентно и со должност кон граѓаните ја извршувал функцијата. До Премиерот Мицкоски напиша дека се става на располагање и за идна соработка, изразува благодарност за довербата во како што посочува исклучително значаен период да биде дел од Владата. На неговото заминување му претходеше најавата за самостоен настап на локалните избори но и разговорите со ДУИ. Неизвесно е дали ќе останат петте пратеници со него колку што се потребни за формирање пратеничка група. Тој очекува дека ќе бидат разрешени.
Формирана е нова пратеничка група на „Вреди“ чиј координатор е Беким Ѓоку, а негови заменици се Мелита Колчи Коџиџику и Аднан Азизи. Вакво известување не е доставено до претседателот на Собранието од крилото на Таравари од Алијанса за Албанците, па не се исклучува можноста некој од нив да остане во „Вреди“.
Отворено е прашањето дали ќе си поднесе оставка и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој не бил на партиската средба со лидерот во Липково. Но и замениците министри за земјоделство и одбрана Флакрон Беџети и Елфет Исмаили.
Александра Велинова
