Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче
Ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, со дополнување на доказната постапка. Судот прифати да се прибави снимката од банката во која бил првообвинетиот Љупчо Палевски, дента пред убиството, додека пак барањето за повикување сведоци, односно вештаци кои ја вештачеле чаурата, не е прифатено затоа што не било навремено доставено. На последното рочиште заврши сослушувањето на Палевски...

Ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, со дополнување на доказната постапка. Судот прифати да се прибави снимката од банката во која бил првообвинетиот Љупчо Палевски, дента пред убиството, додека пак барањето за повикување сведоци, односно вештаци кои ја вештачеле чаурата, не е прифатено затоа што не било навремено доставено. На последното рочиште заврши сослушувањето на Палевски.
Обвинителките наведоа неколку сторени кривични дела, за кои Палевски бил осудуван повеќе пати во период од 20 години. Одбраната тврдеше дека обвинителството нема доволно докази за неговиот клиент и за останатите обвинети за грозоморните убиства.
