Временска прогноза

Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

16.05.2025 08:30

Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60 км/ч), особено долж Повардарието...

Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 л/м2. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота засилен северен ветер (над 60 км/ч), особено долж Повардарието.

Во Скопје, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец.