Во Tетовскиот суд треба да биде изречена пресудата за пожарот во модуларна
Им се судеше на поранешните директори и на болницата како правно лице. Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за „тешки дела против општата сигурност“, додека клиничката болница за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“...

Во Tетовскиот суд треба да биде изречена пресудата за пожарот во модуларната болница, во кој животот го загубија 14 пациенти. Им се судеше на поранешните директори и на болницата како правно лице. Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за „тешки дела против општата сигурност“, додека клиничката болница за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На почетокот на судењето тие се изјаснија дека не се виновни. Првата пресуда за директорите беше условна, а болницата беше прогласена за виновна за делото „предизвикување општа опасност“. Гостиварска Апелација го врати предметот во Тетовскиот суд поради нејаснотии во пресудата.