Самит

Самит на европската политичка заедница

16.05.2025 09:27

Лидерите на 47 европски земји, меѓу кои и премиерот Мицкоски, ќе дискутираат за безбедноста, одбраната и демократските стандарди, во контекст на војната во Украина.

Во Тирана, 6-ти Самит на европската политичка заедница. Лидерите на 47 европски земји, меѓу кои и премиерот Мицкоски, ќе дискутираат за безбедноста, одбраната и демократските стандарди, во контекст на војната во Украина.

Ќе се разгледаат и начините за подобрување на конкурентноста на континентот и за справување со миграцијата. Мицкоски најави билатерална средба и со британскиот премиер Кир Стармер, како што објави на социјалните мрежи, со добри вести за Македонија.