Романија

Во недела се гласа за претседател во вториот круг во Романија

16.05.2025 09:50

Во изборната трка се екстремно десничарскиот фаворит Георге Симион и прозападниот реформист и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан.

Романија се подготвува за вториот круг од претседателските избори в недела на 18 мај, оценети како геополитички избор меѓу Истокот или Западот. Во изборната трка се екстремно десничарскиот фаворит Георге Симион и прозападниот реформист и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан.

Романците ќе треба да решат во кој правец ќе се движи земјата зафатена од длабока политичка криза и протести. Во првиот Симион издвои победа со 41 насто наспроти 21 насто гласови кои ги освои неговиот претендент Дан.

„Треба да ја обновиме оваа земја, да проектираме надеж. Од 19 мај ни треба обединета Романија за да може нејзиниот народ да се соочи со предизвиците внатре и надвор од земјата“, изјави Никшсор Дан – романски претседателски кандидат

„Тука сум за да се вратиме на уставниот поредок, на нормалноста, на демократијата, на волјата на романскиот народ“, изјави Георге Симион – романски претседателски кандидат.