Култура
Свечено отворање на македонскиот КИЦ во Белград
16.05.2025 09:03
Во рамки на програмата насловена „Ајде, слушај, слушај …“ ќе бидат исполнети македонски чалгиски и етно-музички теми во современ аранжман, во ликовниот дел пак ќе бидат претставени дела од 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија-ДЛУМС...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе се обрати на свеченото отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Р. Србија.
Во рамки на програмата насловена „Ајде, слушај, слушај …“ ќе бидат исполнети македонски чалгиски и етно-музички теми во современ аранжман, во ликовниот дел пак ќе бидат претставени дела од 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија-ДЛУМС.
