Балкан - невреме
Обилен дожд, град и ветар во Хрватска и во Србија
16.05.2025 11:40
Обилните дождови проследени со силен ветер и град предизвикаа голем број проблеми и материјална штета во неколку окрузи низ Хрватска...

Балканот зафатен од силно невреме. Обилните дождови проследени со силен ветер и град предизвикаа голем број проблеми и материјална штета во неколку окрузи низ Хрватска, оставајќи делови од населби привремено без струја.
Поради невремето привремено беше запрен и авиосообраќајот. Бурата се спушти и во Србија корнејќи дрвја во Војводина и Белград, значително отежнувајќи го сообраќајот.
Предупредување за невреме со обилни дождови доби и Грција.
