Скопје

„Кој е следен?“ - перформанс пред ОЈО

16.05.2025 10:14

„Кој е Следен?“ точно напладне пред Јавното обвинителство ќе изведе симболичен перформанс за оддавање почит за, како што велат, сите жртви на системската корупција во земјата...

Движењето „Кој е Следен?“ точно напладне пред Јавното обвинителство ќе изведе симболичен перформанс за оддавање почит за, како што велат, сите жртви на системската корупција во земјата.

На два месеца од трагичната несреќа во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани, потсетуваме дека секој од нас може да е следен, а никој од нас не сака да биде нова жртва на таканаречениот систем и соодветните институции, стои во дописот.

Од организацијата бараат институциите да им служат на сите, да живееме во безбедни градови и во праведен систем, еднакви и слободни.