Милион евра за изградба и проширување на 14 државни градинки

13.08.2014 16:35

Владата ќе инвестира околу еден милион евра за изградба на нови и за проширување на постојните детски градинки во 13 општини. Во некои градови поради просторниот проблем досега функционираа групи со поголем број дечиња од оптимално предвидениот.во источниот дел ќе се градат три детски објекти...

Се прошируваат капацитетите за сместување на дечиња од предучилишна возраст. Во 13 општини во државата, Владата ќе гради 14 детски градиники

„Првата група претставуваат објекти кои се новоизградени и во чии рамки ќе се одвива дејноста  детска градинка. Втората категорија претставува значително проширување на капацитетите на веќе  постоечки градинки и третара категорија е најбројна и претставува отворање на градинки во веќе постоечки капацитети кои се користат во друга дејност во рамките на образованието“, изјави  Александра Ѓорѓив, портпарол на Влада на РМ.

Во Источниот дел на државата, градинки ќе добијат кочанско Оризари, Карбинци и Виничка Истибања.

„Станува збор за со површина од 200-250 м/2 , истата ќе има две занимални и во неа би требало да се сместат 15-20 дечиња“, вели Илија Јованов, директор на ДГ „Гоце Делчев“ – Виница.

Во моментов, дечињата во повеќето градинки од сточкиот регион се згрижуваат во групи кои се поголеми од оптимално предвидените.

„Во овој момент групите ни се пооптеретени со дечиња. Со повеќе напор постигнуваме квалитет во згрижувањето“, рече Светлана Крмова, воспитувачка.

Ова е резултат на се поголемиот интерес за згрижување на дечињата во градинки.

„Во континуитет имаме 750-800 згрижени дечиња, а листата на чекање варира од 150 – 200“,  изјави  Илија Митров, директор на ДГ „Астибо“ – Штип.

„Постојано имаме листа на чекање од 70 - 100 дечиња“, вели  Трајан Коцев, директор на ДГ „Вета Циривири- Трена“ – Штип.

Инаку, во 11 градинки во источниот регион , во континуитет се згржуваат помеѓу 3.000 – 3.500 дечиња.

Во изградбата  на нови градинки државата ќе инвестира околу еден милион евра, а ќе се обезбеди згрижување на дополнителни 700 дечиња од кои 50-70 се во источниот регион.

Оливера Жежова