ОЈО
Доставен обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми, што почина во кумановската болница
16.05.2025 12:07
Институтот за судска медицина до кумановското Јавно обвинителство го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми...

Институтот за судска медицина до кумановското Јавно обвинителство го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, извести обвинителството.
32-годишниот Адеми починал ненадејно на 17 март во кумановската болница откако примил терапија. Неговото семејство обвини дека лекарска грешка е причина за загубениот живот. Тврдеа дека му бил даден лек на кој бил алергичен.
Од СВР-Куманово го потврдија настанот и соопштија дека бил извршен разговор со целиот присутен медицински персонал.
