Тирана

Мицкоски: Се враќа надежта за економијата

16.05.2025 12:37

Граѓаните живеат тешко но се враќаат во нормала, вели премиерот Мицкоски за „Еуроњуз“. Тој денеска присуствува на шестиот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Тирана, а присуствуваат 47 шефови на држави или влади од Европа. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, е безбедноста на Европа...

Македонските граѓани живеат тешко како и сите во регионот, но разликата од пред една година е што конечно се враќа надежта дека може да не биде, изјави премиерот Мицкоски во интервју за „Еуроњуз“ осврнувајќи се на економската ситуацијата во земјата. Додаде параметрите оваа година покажуваат дека во Македонија има најголеми странски инвестиции по глава на жител во Европа.

Лидерите од регионот и Европската унија на Самит на Европската политичка заедница во Тирана расправаа за актуелните случувања. Во фокусот војната во Украина. ЕУ разочарана за неуспешниот обид за преговори најавуваат нови санкции.

„Европската политичка заедница беше формирана по агресијата на Русија врз Украина да го обликува европскиот одговор и да имаме стабилност на Европскиот континент. Сега по три години војна, сведоци сме дека претседателот Путин не се појави на преговорите и дека не сака мир. Затоа мора да го зголемиме притисокот со нов пакет санкции“, изјави Урсула фон дер Лајен-претседател на Европската комисија.

На Самитот на Европската политичка заедница формирана на иницијатива од францускиот претседател Макрон учествуваат учесници од 27 земји-членки на ЕУ и 20 партнерски земји, меѓу кои и 6-те кандидатки од Западниот Балкан како Македонија.

 

Ирина Гелевска