Повик за аудиција за Јуниорски Евросонг 2025

16.05.2025 13:28

Maкедонската Радио Телевизија објавува Повик за аудиција на вокален  интерпретатор/и за Јуниорски Евросонг 2025, кој оваа година се одржува во Тбилиси, Грузија. Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 13 декември 2025 година. 

Кандидатите, апликациите ги поднесуваат на електронската адреса:

[email protected] 

Сите кандидати треба да се државјани на Република Северна Македонија или да имаат регулиран престој во Република Северна Македонија. Пријавата треба да ги содржи основните податоци:

-              Име и презиме, Датум и место на раѓање

-              Две инструментални матрици ( wav формат ) 

-              Email адреса и контакт телефон на еден родител

Учесниците на аудицијата треба да  исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица. Комисијата го задржува правото да побара од кандидатите да отпеат и дел од некоја друга композиција. Покрај вокалната изведба, кандидатите се должни да се претстават и со  краток сценски настап како дел од целокупната презентација. Сценскиот настап подразбира користење на сценскиот простор, изразување емоции преку движење и мимика, како и остварување контакт со публиката. Ќе се вреднуваат природноста на изразот, сценската присутност и целосната уметничка интерпретација на композицијата.

Учесниците се обврзани со себе да донесат технички исправен носач на звук - УСБ (wav формат). Учесниците се обврзани да ги достават матриците и на меил адресата [email protected]  при самото пријавување.

Пријавувањето за аудиција е отворено од денот на објавување заклучно со  25 мај  2025 година, а аудицијата ќе се одржи на 27 мај 2025 година со почеток од 10:00 часот во студијата на МРТ.

 

Контакт телефон:

078 256 483