Политика

„Вреди“ со полна пареа во преговори

16.05.2025 16:26

Во вторник ќе се знае наследникот на Таравари. „Вреди“ ќе го зголемува членството со поддржувачи на Европскиот фронт. За аналитичарите ставовите на Алијанса не се изненадување и не ја разнишаа владината коалиција.

Новиот министер за здравство ќе се знае во вторник. До Парламентот засега нема поднесено нови оставки од други министри. Вицепремиерот Меџити уверува дека владиното мнозинството е стабилно и со заминувањето на Таравари имаат 13-14 пратеници. но сè уште го чуваат во тајност новиот предлог за челното место во здравство. Меџити открива дека течат преговори со дел од пратениците и членовите на Европски фронт да преминат во „Вреди“. Очекува дека и останатото сопартијци на Алијанса за Албанците ќе останат во владејачкото мнозинство, бидејќи и тие се заслужни за победата и промените. Смета дека вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и е потребен на Владата поради докажаната транспарентност и капацитет.

„Разместувањето на картите“ во албанскиот политички блок е увертира за локалните избори вели аналитичарот Благојчо Атанасоски.

Се создава трета политичка опција со најавата на Таравари за самостоен настап на претстојните избори. Политичките пазарења во албанскиот политички блок ќе предизвикаат нова распределба на гласовите на локалните избори. Но, овие превирања не можат да го разнишаат стабилното владино мнозинство, прогнозира Атанасоски.

Таравари во својата оставка вели дека ја поднел од лични причини и во интерес на институцијата.

 

Александра Велинова