Шести Самит на Европската политичка заедница во Тирана
Шести Самит на Европската политичка заедница во Тирана, на која присуствуваат 47 шефови на држави или влади од Европа, меѓу нив е и македонскиот премиер Мицкоски. Војната во Украина и Русија во фокус на лидерите...

Европа се соочува со предизвици од сите страни. Поредокот што беше на сила по Втората светска војна е разнишан по агресијата на Русија врз Украина. За враќање на вредностите на мир, просперитет и почитување на меѓународното право на Европскиот континент мора заеднички да работиме за постигнување праведен и траен мир во Украина, заклучија од Самитот на Европската заедница во Тирана. Првиот човек на Европскиот совет со порака дека мора да се засили одбранбената моќ на Европа оти војната во Украина покажа дека без тоа нема траен мир.
„Eвропската унија е подготвена да ја игра својата улога во овој нов свет блиску соработувајќи со сите европски партнери. Унијата ќе остане доверлив и предвидлив партнер во европската интеграција, во економската и енергетската соработка, во безбедноста и одбраната и во заштитата на климата. Затоа искористете ја енергијата да работиме заедно како европејци“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.
Руската агресија на Украина мора веднаш за заврши, а основен услов е безусловно примирје за да се даде шанса на дипломатијата и преговорите, рече украинскиот претседател Зеленски на Самитот.
„Мирот во Европа зависи од тоа дали Украина ќе добие мир. Бев подготвен за директни преговори со Путин во Истанбул за да се разрешат сите важни прашања. Но руската страна прати луѓе кои не можат да носат важни одлуки. Најважен услов е безусловно примирје за да престане убивањето и да им се даде шанса на дипломатијата и преговорите“, изјави Воломидир Зеленски, претседател на Украина.
Од Самитот во Тирана испратена едногласна поддршка за Украина, а ЕУ ќе воведе нов пакет санкции за да ја принуди Русија на преговори за мир.
Ирина Гелевска
