Основен суд тетово

Година ипол затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во модуларната болница

16.05.2025 16:42

Поранешниот медицински и економски директор на Клиничката болница во Тетово добија по година и половина казна затвор. Ова е одлуката на Тетовскиот суд кој по втор пат носи пресуда за трагедијата во модуларната болница која изгоре во 2021 година, а со неа и 14 лица …

По година и пол затвор им досуди Тетовскиот суд на Флорим Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница. Како медицински и економски директор требало да постават противпожарна опрема во објектот, но тоа не го сториле. Во пресудата е наведено и дека болницата треба да плати казна од милион денари. Обвинетите не се задоволни од пресудата, сметаат дека на одговорност треба да се повика и поранешниот министер Филипче како и одговорните во фирмата која го градела објектот.

Семејствата на жртвите пред повисокиот суд ќе бараат построга санкција. Бараат истрага и за други функционери.

Двајцата директори се осомничени за тешки дела против општата сигурност. Пожарот се случи во 2021 година и во него загинаа 14 лица. Истрагата утврди дека несреќата ја предизвикал прегреан кабел од вклучен дефибрилатор.

Обвинителството речиси 4 години води предистрага и за тоа како биле градени и пуштени во употреба сите модуларни болници. Се проверува тендерската документација, а списите од предметот во овој момент се на разгледување кај државниот обвинител бидејќи за овој случај е примена претставка. Јавнообвинителска одлука сè уште не е донесена.

Анита Димитријевска – Велковска