Руралните средини без гинеколози
Голем проблем во земјава е што во руралните средини нема гинеколози и е оневозможено унапредувањето на женското здравје. Привремено решение може да бидат мобилните амбуланти...

Триесет и осумгодишната мајка на три деца Амела Ајдароска од долненското село Дебреште мора да патува 30 километри за да стигне на закажан гинеколошки преглед во Прилеп. Вели жените во руралните средини се без матичен гинеколог и проблемот влијае врз свесноста за потребата од редовна проверка на женското здравје.
Слична е ситуацијата во рурална Пелагонија. Проблем има и во Крушево.
Според Здружението на гинеколози ова е објективен проблем. Додека не се отвораат редовни во селата, може многу да помогнат мобилните амбуланти.
Повеќе од 38 проценти од населението во земјава живее во руралните средини.
Елизабета Митреска
