Жолта фаза: Нема место за паника, ако се почитуваат препораките

13.08.2014 17:01

Лекарите велат од промената на температурата најмногу влијае врз хронично болните. Апелираат да се почитуваат препораките...

„Премногу е топло, пекол е. Морам да одам на работа во најголемиот пекол... Нагло врне, па се затоплува, едноставно секој ќе го почуствува тоа... Многу е топло. А како се заштитувам, па идеме под сенка, наочари, уште шешир ми фали...“, велат граѓаните кои случајно ги затекнавме денеска низ Скопје.  

Дали граѓаните се навикнаа на големите температурни разлики и промената на времето. Иако деновиве термометрите го покажуваат и 40-тиот степен над нулата нема зголемување на повиците во Итната медицинска помош. Од 70 до 90 повици за едно деноноќие, бројка во рамките на просекот велат од брза помош. Нема место за паника, ако се почитуваат препораките, но и да се внимава на употребата на клима уредите.

„Од автомобилите особено ако се прегреани постои посебна препорака за тоа, значи отвора врата да се адаптира температурата приближно до дневната па дури тогаш се влегува во автомобилот за да не дојде до немили сцени колапси“, вели д-р Василаки Карабашев- Итна медицинска помош.

Лекарите велат од промената на температурата најмногу влијае врз хронично болните. Апелираат да се почитуваат препораките.

Редовно земајте ја потребната терапија и доколку се почувствувате истоштено, побарајте помош, ги советуваат лекарите хронично болните што најмногу страдаат поради големата промена на надворешната температура.


Андријана Атанасовска