Туристички атрактивни рути во Дојран
Дојран почна да нуди и реализира три рути за организирани посети на гостите за да биде атрактивен и надвор од летната сезона. Гостите може да уживаат со електрични велосипеди по езерската и културно историската патека а интерес има и за пешачката до фронтовата линија од Првата светска војна над Дојран …

Општина Дојран преку ЈП „Тауријан“ почна да ги реализира рутите за посети на културно историските и природни убавини на ова туристичко место. Станува збор за три рути кои ќе кои се нудат на организирани групи од минимум 10 члена за кои јавното претпријатие им овозможува туристички водич но и електрични велосипеди.
Првата е долж Дојранското езеро или е наречена „езерска“. Таа ќе се практикува со електрични велосипеди. Втората рута е пешачка и е именувана како „културно – историска рута“. Третата е до фронтовската линија од Првата светска војна за која има интерес од Бугари и Англичани
Рутите за организирана посета беа понудени и на саемот во Белград со оглед на огромниот број транзитни туристи од Србија.
Ване Трајков
