Шест милијарди евра за капитални инвестиции
Шест милијарди евра, за капитални инвестиции во железница, болници, зголемена безбедност. Стратешко партнерство со Обединетото кралство. Заемот нема да зголеми јавниот долг – уверува премиерот. Нема обврска за прифаќање мигранти – дециден британскиот амбасадор Лосон...

Шесте милијарди евра од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе бидат искористени за капитални инвестиции. Завршување на болницата во Штип заедно со зградата на Медицинскиот факултет, студентски дом од 200 легла и изградба на болница и здравствен дом во Кичево, а ќе се реконструкција и болницата во Тетово. Со реконструкција и модернизација на железничкиот сообраќај во дел од коридорот 10 на потегот од Табановце до Гевгелија се очекува за 10 пати да се зголеми користењето и брзината на транспортот. Договорот подразбира и зајакнување на безбедносните капацитети и сигурноста на граничните премини.
Амбасадорот на Обединетото Кралство Лосон негира дека со овој договор се обрзуваме да прифатиме мигранти како што објавуваа дел од медиумите. Напротив вели, договорот е соработка во справувањето со организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти. Очекува зголемување на трговската размена, растот, а воедно и подобар животен стандард за граѓаните.
Не се очекува зголемување на јавниот долг, туку на БДП. Еден од критериумите на овој договор е 70 отсто учество на локалната компонента.
Во рамки на стратешкото партнерство ќе се разговара и за визниот режим – потврдија од британската амбасада. Процедурите за добивање виза се проблем и за бизнисот и за нашите граѓани. Со договорот се отвора ново поглавје клучно и за засилување на политички дијалог и координација во рамките на меѓународните институции и безбедносните предизвици.
Александра Велинова
