Под мотото „Сакај се себеси, сакај го своето здравје!“ се одбележува неделата на женското здравје
Под мотото „Сакај се себеси, сакај го своето здравје!“ Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – Маго, ја одбележува неделата на женското здравје. Промовиран и новиот прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувања на менталното здравје во претконцепцискиот и перинаталниот период, наменет за здравствени професионалци, пациенти и семејства...

30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето. Потребно е навремено препознавање, состојбите можат да се продлабочат, сметаат надлежните. Промовиран прирачник за подигнување на свеста кај здравствените работници за грижата за менталното здравје.
Се работи на подобрување на состојбите, од нов здравствен кадар до услови за работа, како и подигнување на свеста на жените – тврдат здравствените власти.
Според истражувањата нарушувањето на менталното здравје за перинаталниот период често е поврзано со претходни психички потешкотии, кои може да бидат непрепознаени, недијагностицирани и недоволно третирани.
Оваа недела се одбележува Недела на женското здравје под мотото „Сакај се себе, сакај го своето здравје“
Ана Јосифовска
