Нова инвестиција ќе се гради во ТИРЗ Скопје
Нова инвестиција, турска компанија започнува да гради фабрика во технолошко индустриската зона во Скопје.

Удрен камен темелникот на турската компанија „Шахтерм“ која од денеска стартува со изградбата на свои капацитети во ТИРЗ 2. Во првата фаза ќе бидат вложени 25 милиони евра ќе се вработат 200 луѓе.
Но турските бизнисмени во Македонија дојдоа со амбиции, за 5 години да ја прошират дејноста, да вработат над 1.000 луѓе и да вложат над 100 милиони евра. ова е прв пат „Шахтерм“ да гради свој погон надвор од Турција. Раководството ја избра Македонија за своја инвестициска дестинација од неколку причини меѓу нив и добрата бизнис клима.
Турција и Македонија имаат трговска размена од една милијарда евра. Очекувањата се таа да порасне преку ажурирање на договорот за слободна трговија. За првиот човек на ТИРЗ, Гоце Димовски оваа инвестиција е доказ за довербата која ја имаат фирмите во новата влада како и за добрата деловна клима.
„Шахтерм“ произведува системи за греење на бела техника и апарати за домаќинство. Нивни клиенти се познати светски брендови. Извезува свои производи во Америка, Русија и балтичките земји.
Викторија Милевска
