Охрид

Се јакнат капацитетите за справување со пожари

17.05.2025 18:27

Се јакнат капацитетите за справување со пожари. 120 доброволци пожарникари од охридскиот регион добија сертификати. Фокусот е ставен на волонтерските противпожарни друштва. Денес друштвото „Ентузијаст доби донација возило од Австрија. Се јакнат капацитетите за справување со пожари...

Во пресрет на летото кога се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор, а со цел да не се повторни состојбата од лани, со големите пожари, кои беснееја во НП Галичица и на Илинска планина, во охридскиот регион силно се работи на превенција. Фокусот е ставен на волонтерските доброволни противпожарни друштва.

Околу 120 доброволци пожарникари изминатиот период се обучени за делување при пожари на отворено, а друштвото „Ентузијаст“ доби донација противпожарно возило од Австрија.

„Поподготвени дефинитивно меѓутоа за такви пожари сепак е најбитно теренското гасење, важна е и поддршката од воздух. Еве напредуваме со доброволните друштва како додаток на она што го имаме како ТПП Е Охрид“, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.

„Многу е битно да се обрне внимание на луѓе кои би се вклучиле во таа активност како и во други држави да се сертифицирани да имаат сертификат и обучени да може да се справуваат со адекватна опрема со адекватна обука“, вели одговорен за пожари при НП Галичица.

Доброволните друштва, располагаат со опрема, но нив им е потребна поголема финансиска поддршка, министерот за внатрешни работи вели се размислува во таа насока.

„Се судруваме со проблеми друштвото стана гломазно одржувањето бара напори во однос на финансиски средства не е толку едноставно, еден камион регистрација кај нас е преку 20.000 ден“. друштво „Еко Фап“.

„Размислуваме и во тој дел сметам дека треба да имаме реорганизација и во тој дел еве конкретно со амбасадорот разменивме законско решение кое е имплементирано во Австрија се разгледуваат и други концепти ќе одбереме максимално соодветно решение“, рече министерот Тошковски.

Надлежните велат оваа сезона се зајакнати капацитетите, поподготвено ќе се справуваат со шумските пожари, на критичните места во планините ќе бидат поставени цистерни за побрза интервенција.

 

Соња Рилковска