Македонија

Голем дел од Македонија остана без струја

18.05.2025 09:34

Струја нема во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово...

Голем дел од Македонија во изминатата ноќ остана без електрична енергија. Од ЕВН велат дека станува збор за голем дефект.

Струја нема во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово.

Дел од граѓаните на Скопје, од изутрината пријавуваат дека повторно имаат струја. ЕВН во текот на денот се очекува да информира каков и од колкави размери е проблемот.