Прилеп
Почна садењето на тутунот
18.05.2025 13:00
Почна садењето на тутунот од новата реколта. Засадени се околу 25 проценти од предвидените површини. Зголемувањето е за 15 проценти и земјоделците, и оние помладите сметаат дека моментално е најисплатлива земјоделска култура.

Гоце Кебакоски, тутунар од прилепско петпати го зголемил тутунопроизводството. Го почна садењето на тутунот и смета дека моментално е најисплатлива земјоделска култура, со цената и субвенциите.
Годинашново тутунопроизводство е зголемено за речиси 15 проценти.
Досега се насадени 25 насто од површините. Очекувањата се големи.
Најавени се измени во законот за тутун во полза и на производителите и на откупувачите. Подготвена е предлог законската верзија со измените. Се очекува владината поддршка.
Елизабета Митреска