Десетмина од повредените во судирот на двата автобуси се задржани на болничко лекување
Се уште се истражуваат причините за сообраќајната несреќа што се случи вчера во близина на Демир Хисар. За среќа повредените се навреме згрижени и повеќето од нив веќе се на домашно лекување.
„На болничко лекување се задржани уште десет пациенти. Една пациентка е со тешки телесни повреди, а каков ќе биде исходот, не можеме да кажеме“, рече Јагода Стојановска, портпарол на Клиничката болница во Битола.

Од СВР Битола велат дека се преземени сите мерки за утврдување околностите под кои се случила сообраќајната несреќа вчера после 15 часот и 30 минути, при судирот на двата автобуса на црната точка, кај „Бели мост“.