Ватикан
На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан инаугуративна миса на папата Лео 14
18.05.2025 17:39
Неговата светост и официјално ја почна службата како 267-от поглавар на Католичката црква. Пред верниците упати порака за единство во црквата и се осврна на војните во светот...

На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан инаугуративна миса на папата Лео 14. Неговата светост и официјално ја почна службата како 267-от поглавар на Католичката црква. Пред верниците упати порака за единство во црквата и се осврна на војните во светот.
Повеќе од 150 делегации присуствуваа на церемонијата, меѓу кои американскиот потпретседател Венс, државниот секретар Рубио, австрискиот канцелар Штокер, канадскиот премиер Карни, претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, украинскиот претседател Зеленски, шефови на држави и влади на ЕУ.
