Енергетика

Висок напон предизвикал дефект, поголем дел од Македонија остана без струја

18.05.2025 15:25

Голем дел од Македонија рано утрово остана без струја. Дојде до прекин на снабдувањето поради испад во електроенергетскиот систем.

Високите напони во електродистрибутивната мрежа причина поголем дел од земјава да остане без струја, велат од МЕПСО. Појаснуваат дека ова е европски и регионален проблем со кој се соочуваат сите преносни системи поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија. Екипите го нормализираа напојувањето, но продолжуваат да работат на стабилноста на електроенергетскиот систем.

„Денес во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за регионален и европски проблем со кој се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината“, стои во соопштението од МЕПСО.

Чудно е што не е проблем да се обезбеди струја преку ден кога потрошувачката е поголема, а да не може во текот на ноќта кога е намалена – велат од стручната фела. Дел се сомневаат на пренос на струја кон надвор за да се помогне во стабилзирање на европскиот електродистрибутивен систем.

Она што е сигурно според професорот Трајковски е дека овојпат прекинот не е поради преголемото производство од фотоволтаиците, бидејќи тие не произведуваат во ноќните часови. Инженерите апелираат на изградба на системи за складирање на вишокот на електрична енергија.

Од МЕПСО велат дека ова е регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни системи.

Поради големото производство на електрична енергија од фотоволтаиците и обновливите извори на енергија енергетскиот систем беше пред колапс и околу велигденските празници, по одлука на РКЕ беа исклучени од систем.

 

Александра Велинова