Охрид

8-ма Меѓународна конференција на проценувачи

18.05.2025 16:08

Во Охрид 8-ма Меѓународна конференција на проценувачи. Експертите од оваа област ќе дебатираат како инфлацијата, геополитичките немири и вештачката интелигенција влијаат врз проценувањето.

Инфлацијата, војните, немирите и вештачката интелигенција се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава.

Несигурноста на глобално ниво е уште еден голем предизвик кој влијае во светски рамки, а тоа воедно влијае и на нереалниот раст ма цените на недвижностите. За да се добие што пореална вредност мора да се следат стандардите и меѓународните и европските но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценувачи во Охрид.

„Во сите европски земји се високи цените. Ако ги погледнете цените на суровите материјали особено после пандемијата и војната во Украина ќе се забележи дека пораснале многу. Сето тоа влијае на високите цени на недвижностите“, вели Паоло Триндад претседателот на Европската комора на проценувачи.

„Развојот на вештачката интелигенција геополитичките нестабилности сето тоа предизвикува да имаме проблем при правењето на новите точни проценки со тоа што најголем недостаток е потребата и пристапот до точни податоци“, вели Ѓорѓе Сприровски претседател на Коморта на проценувачи.

Примената на вештачката интелигенција може да помогне во процесот на процена, но потребно е внимателно користење.

„Се водам од една премиса дека вештачката интелигенција нема капацитет да го замени човекот но луѓето кои ќе користат алатки. Полесно ќе се справат со предизвиците. Секако тоа не е без предизвици и недоследности од употребата и етички стандарди. Ќе работиме еден етички стандард кој употребата ќе мора да го гарантира“, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Експертите од земјава и светот на 8-та Меѓународна конференција на проценувачи што деновиве се одржува во Охрид. Ќе дебатираат за инфлацијата, геополитичките немири и вештачката интелигенција.

 

Соња Рилковска