Мицкоски најави промени во Владата и партијата
Реконструкција во Владата, чистка во партијата до крајот на годинава најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Порача оној што работи чесно ќе остане, кој нема да ги исполни очекувањата ќе замине. Упати жестока критика до досегашниот коалициски партнер Таравари. Очекува голема победа на локалните избори.

Мицкоски најавува чистка во редовите на владата и во партијата. Ќе се случат кон крајот на годината по редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ каде членството треба да избира нов лидер. Порача дека повеќе место нема да има за оние кои ќе ги разочараат граѓаните. Кон крајот на месецот ќе бидат познати и дел од кандидатите за градоначалници. Мицкоски убеден во победата на партијата која ја предводи.
Разочаран од постапките на доскорешниот партнер Таравари, Мицкоски сепак му посака среќа во партнерството со ДУИ. со ова вели тој покажа дека не бил заинтересиран за идеја, визија и промени туку за нешто друго. Оцени дека партнерството помеѓу Алијанса и интегративците ќе трае сè додека Таравари не добие подобра понуда. Доколку продолжи ваквата практика, Мицкоски прогнозира распад на крилото на Алијанса и претопување во ДУИ.
Претседателот на владата со порака и да не се злоупотребува трагедијата во Кочани, а секој кој има вина мора да одговара. Информира дека веќе разговарал со роднините на настраданите, ќе оди и во Кочани на средби и со оние со кои досега немал можност. Мицкоски уверува дека ќе стори се за да им помогне на фамилиите кои се засегнати од трагедијата.
Викторија Милевска
