Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка, ден пред закажаната седница на Собранието во вторник...

Шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска треба да го поднесе предлогот за гувернер на Народна банка, ден пред закажаната седница на Собранието во вторник.
Пред неколку дена претседателката, соопшти дека сè уште не била постигната согласност за нејзината обврска да предложи кандидат за наследник на сегашната гувернерка Ангеловска-Бежовска, чиј мандат завршува на 21 мај.
Таа го добила писмото од Собранието на 16 април, а како што наведе, „само еден месец и било кусо време“. Посочи дека „има неколку кандидати, но според неа најважно е да не дојде до тоа да не биде избран ниеден“.
