Најмалку петмина планинари загинаа на Мон Блан
Алпите, еден од покривите на Европа, повторно одзема животи. По една од најтешките несреќи на Монблан во изминатите 10 години, изутрината спасувачите ги пронајдоа телата на петтемина планинари кои исчезнаа вчеравечер. Се уште се трага по нивниот водич. Една од претпоставките е дека ги однесла лавина, при што групата се разделила.

„Беа петмина стажанти и еден тренер, водич. Се оддалечиле за да го обиколат засолништето на Аржентиер. Вчеравечер менаџерот на засолништето не алармираше дека не се вратиле. Најдовме дел од телата, но немам други информации. Да прецизирам, најдовме безживотни тела“, изјави потполковник Филип Ваиле од жандармерија на От Савоа.
Групата од четворица мажи и една жена на возраст меѓу 30 и 40 години учествувала во спортски настан. Целта на искачувањето бил врвот Егиј Аржантиер висок 3902 метра. Потрагата по исчезнатите алпинисти почнала уште ноќеска, но ја прекинале лошите временски услови. Од изутрината полицијата ја продолжува потрагата по водичот.
На Монблан само меѓу 15-ти и 30-ти јули беа најдени телата на 6 алпинисти од повеќе земји. Професионалните водичи на планината стравуваат дека таа станува се подостапна туристичка дестинација. Месецов, од лавина во Коридорот на Смртта за малку ќе загинеше американско семејство со две деца на возраст од 9 и 11 години.